Изјава на Мариета Дукиќ на инфо сесијата во Кочани
Родителски фронт и Коалицијата за заштита на децата започнаа со инфо сесии низ повеќе општини низ државата со цел да ја обистиниме вистината за родовата идеологија за сеопфатното сексуално и родово сензитивно образование кое што се наметнува на нашите деца.
Родовите активисти се обидуваат родовата идеологија да ја индоктринираат во училиштата на несоодветна возраст на децата и имаат намера да им го поматат умот на децата, да им го нарушат природниот тек на развој и растење.
Само родителите имаат уставно загарантирано право и обврска да се грижат и да одлучуваат за образованието на своите деца. Никој друг нема ниту право, ниту обврска да одлучува за тоа што ќе учат нашите деца во училиштето.
На инфо сесиите зборуваме за тоа што е род, што е родов идентитет, она што родовите активисти се обидуваат да го инфилтрираат со предлог законот за родова еднаквост. Во нашиот устав не постои поимот род. Ние имаме само два пола – машки и женски и тука завршува целата приказна
- Изјава на Мариета Дукиќ, претседател на Здружението на родители Родителски фронт. за порталот Сито.мк