Заради огромната љубов кон децата
Никој нема ништо против нашите сограѓани кои имаат поинаква сексуална
ориентација, тоа е нивен избор, но сме против наметнување на родовата идеологија
преку која ќе се отвори можност за постепено уништување на семејството и
општеството.
Повеке нема да молчиме бидејки сето тоа не е во ред, не е прифатливо и нема да го
дозволиме. Само родителите имаат право да одлучуваат за своите деца а некои
родови идеолози бидејки родителот најдобро знае што е најдобро за своето дете.
Сите сме за реформи во образовниот систем но проблемите нема да се решат со оваа
идеологија која нуди краставици и презервативи. Повеке нема да глумиме слепи и да
бидеме рамнодушни. Со ова се разурнува здравото потомство и здравото семејство.
Здружението на граѓани БУДНОСТ ќе превзема низа активности со кои нема да
дозволи да имаме доживотно осакатени деца и ќе покажеме дека сите сме за
зачувување на традиционалните семејни вредности.