Идеологијата која е најголемо зло за децата
Законот за родова идеологија е зло кое надвиснува над животите на нашите деца, одземајќи го правото и обврската на родителите како единствени кои знаат, смеат и можат да одлучуваат за своите деца.
Граѓаните на Кочани се обединети против ова зло, обединети за одбрана на своите деца, без разлика на нивната вероисповед, партиска определба, националност. Обединети во име на доброто за своите деца, едногласни во разумноста, храброста и одговорноста.
Борбата против ова зло е надпартиска, надрелигиозна, надетничка, а најмногу е човечка. Сите сме единствени кога станува збор за заштита на семејството и заштита на нашите деца како наше најголемо богатство кое ќе го чуваме како капка роса.