Се посегнува по децата
Се посегнува по децата и се спрема организирана промоција на можностите за промена на полот уште од најмали нозе преку т.н. модерно сексуално образование. Јас сум се борела за сексуално образование, за да се воспостави однос на почит меѓу мажите и жените, за да се штитат децата од предвремени бремености и да се штитат од полови болести. Но, ова што сега се планира и се заговара, воопшто не е тоа.
Како пример само би кажала, во Британија, на ББС одеа многу промотивни филмчиња во последниве 6-7 години, цела јавност се крена на нозе и цела јавност реагираше. Филмче кое беше од 2019 година пуштено, каде што на мали деца од пред школска возраст им се раскажуваше дека има над сто рода, а тие зачудено гледаа и се чудеа што тоа значи. Тоа филмче, по жестоки реакции, во 2021 година беше укинато.
Сеуште има филмови на ББС , кои што можат да се видат, каде што мали дечиња, на три -четири години, се во фаза на промена на полот, и многу трагично и драматично да се слушаат и гледаат објаснувањата за тоа што се прави. Овие филмови се трагедија за тие деца и родители, но тие се поука за другите родители да не се влезе во таа опасност.
Во Британија, после овие активности кои што се вршеле во градинките и школите, врз база на вакви слични закони, практично сега Британија е на нозе, се собраа 138.000 потписи петиција и се отвори расправа во парламентот и е издејствувано дебата за измена на овој закон и разјаснување дека пол значи биолошки пол а не самоидентификација. Има сериозни индиции дека од оваа масовна трансформација на половите најголема корист има порно индустријата со деца.
Дел од говорот на Лилјана Поповска на Tрибината „Вистинското лице на родот“, организирана од Елеуса фондација.