Состанок со планинарски спортски клуб ОСОГОВО
Им благодариме на поканата, благодариме на претседателот Тошо Антов ,имавме двочасовен разговор за сите лоши работи кои ни ги носи родовата идеологија не само во спортот туку и во сите сфери од животот.
Планинарски спортски клуб „Осогово“ од Кочани е планинарски клуб кој е формиран во Мај 2004 година кој оваа година ке го одбележи своето 20 годишно постоење.
ПСК „Осогово“ е клуб кој на повеке наврати има добиено признанија,оскари клуб на годината во Македонија и оваа година спортски клуб на годината на општина Кочани.
ПСК „Осогово“ е најбројниот клуб по регистрирани членови на истокот од земјата и веке ја одминува бројката над 100 членови ,располага со двајца регистрирани професионални лиценцирани планинарски водачи и професионален маркацист за трасирање и обележување на планинарски патеки.
ПСК „Осогово“ од своето постоење досега ги има искачено највисокиот врв во Африка Килиманџаро,Јапонија Фуџи ,Турција Арарат,Аргентина Аконкагва,Мароко Тубкал,Европа Елбрус,Мон Блан,Врвови во Киргистан,Хималајте и над 20 врвови на алпите над 4000 м ,и сите највисоки врвови на Балканот и Македонија.
ПСК „Осогово“ има потпишано меморандум за соработка со сите основни училишта во Општина Кочани и Облешево Чешиново на кој им организира обуки во природа ,и секоја година организира регионални младински кампови за развој и афирмација на планинарскиот спорт во Македонија.
За здружението на граѓани Будност, рекоа:
Освоивме многу врвови и преминавме преку многу предизвици. Подготвени сме за уште еден голем предизвик,подготвени за уште едно освојување на уште една голема височина а тоа е: заедно со ЗГ БУДНОСТ да ги сочуваме семејните вредности и да ги заштитиме децата од родовата идеологија. Не го заборавајте значењето на тимската работа и поддршката на оние околу вас. Со посветеност и упорство, сигурен сум дека ќе го освоиме и овој висок врв. Среќа!