ЉУБИНКА АЈТОВСКА СЛОБОДНО НЕКА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Во емисијата “360 степени” во кој Љубинка Ајтовска , портпаролот на општината и координатор за еднакви можности на мажите и жените, дава своја изјава поврзана со петицијата и во врска со барањето на жителите да се исфрлат родовите компоненти од програмата и актите на општината: “секако тоа го разгоре говорот на омраза по социјалните мрежи и во јавниот простор, општината беше изложена на напади, на службеници и членови на советот”
Ајтовска во својата изјава посочи дека биле изложени на говор на омраза(), без притоа јасно да каже кој, кога и со кои зборови го сторил тоа кривично дело.
Мора да напоменеме дека таа изјавува дека постапиле согласно тековниот закон, спротивно на изјавата на Костадин Костадинов градоначалникот на Струмица, кој во истата емисија, СПРОТИВНО од неа кажа дека исфрлувањето на родовите моменти од општинските акти е во согласност со законот за еднакви можности на жените и мажите
Ако нашите ставови кои се различни од нејзините, е говор на омраза, ако целите на нашето здружение ги подржуваат сите хуманитарни, еколошки и спортски здруженија од Кочани ,
ако притоа имаме петиција со над 3000 потписи ако Ајтовска нашето легитимно право да го изразиме својот став и со законски алатки да се бориме за реализација на нашата цел, ГО СМЕТА ЗА ПРИТИСОК слободно нека си даде ОСТАВКА
Да не заборави Ајтовска, дека таа и
советниците се во советот на општината избрани од ГРАЃАНИТЕ, за да ги застапуваат НИВНИТЕ права и интерес, а не за застапување на идеолошки идеи.