Викарен Епископ Јаков Стобиски, за родовата идеологија
Давајки изјава на новинарите , реков дека сум тука заради тоа што Црквата мора да биде чувар на слободата на личноста, на секоја личност, па како и да се чуствува, па и како да се идентификува таа.
Тие најверојатно не’ чекаат да најдат на оваа трибина говор на омраза и да не наречат хомофоби. Воопшто тема на дискусија овде не е правото, сексуалноста, интимниот живот на психо-физички зрели личности, станува збор за нашите деца, за идонктринација на децата.
Целата оваа идеологија изгледа розева, заради тоа што секогаш ни се сервива под плаштот на родова еднаквост, на борба за човекови права, ни се сервира под плаштот на заштита на жртвите на семејно насилство, пред се на жените, а токму оваа идеологија носи насилство врз жените.
Што се случува во спортот. Маж кој поминал низ неколку недели хормонска терапија или транзиција, може да се натпреварува во сите категории на женските спортови. Има еден Фелон Фокс, во разни категории боречки вештини, го претепа светскиот шампион , кој е жена. Тоа се исфрустрирани неуспешни мажи и едноставно фрустрација да се најде во ринг со вистински маж па прима хормонска терапија па оди натепува жена само заради тоа вели дека се чусвтува како жена. Тоа е релноста на родовата идеологија, упростено и едноставно кажано. Тоа е реалноста која што ќе дојде кај нас ако покажеме и најмала доза на толерантност, на разбирање и прифаќање.
Воопшто не станува звор за правата на жените .Ако некој е дискриминиран со родовата идеологоја, тоа е жената. Има еден новинар кој што направи документарец „Што е жена?“. Тие не сакаат да ја изговорам дефиницијата – што е жена? Упорно ја прескокнуваат темата за мајчинствo. Бидејки тоа им е една од многуте препреки да се дефинираат и доживеат себеси како жена – транс мажите.
Тие ни зборуваат за избор на поединецот. Некој што така се чуствува, така се идентификува и ние мораме да го почитуваме тоа. Еве, да речеме дека го почитуваме. Но, што правиме, ние сме заедница, каков е тој родов идендитет или било каков идентитет. Идентитетот се гради во заедница. Неопходен ти е другиот за да се идентификуваш било како. Затоа тие сакаат тоталитарно и насилно да го и наметнат на заедницата она што заедницата не може да го прифати.
Можете ли да прифатите тоа дека мажот може да биде жена или жената може да биде маж? И да живеете со тоа?
Дел од говорот на Викарен Епископ Јаков на трибината – Разбуди се: Современите искушенија како предизвици за духовно будење на личноста – РОДОВА ИДЕОЛОГИЈА.
Настанот го организира Елеуса Фондација.