404: Not Found Повик за дејство | ЗГ БУДНОСТ Skip to content

Повик за дејство

  • Член на Здружението на граѓани БУДНОСТ може да биде секој граѓанин, независно од неговата возраст, кој доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати целите на здружението утврдени со овој статут. Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник. Зачленувањето се врши со пополнување и потпишување на пристапница. На секој член му се издава членска легитимација. Формата и содржината на пристапницата и членската легитимација ги пропишува Собранието.
  • Здружението на граѓани БУДНОСТ води регистар на членови. Податоците во регистарот се ажурираат најмалку еднаш на две години и се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации. Здружението на граѓани БУДНОСТ ја гарантира анонимноста на личните податоци во регистарот на членовите кои тоа го побарале.
  • Секој член на здружението има права и одговорности согласно одредбите на овој статут и другите акти на здружението. Секој полноправен член има право да избира и да биде избран во органите и телата на здружението, како и да биде вклучен во сите активности на здружението. За неполноправните членови, односно кои не се основачи на Здружението, е потребно да помине временски период од 5 години сметано од денот на пристапување, по што за полноправен прием на неполноправниот член ќе одлучи мнозинството членови основачи на Собранието.
  • Членството во Здружението на граѓани БУДНОСТ престанува со доброволно истапување и со исклучување. Секој член може доброволно да истапи со потпишување на писмена изјава и враќање на членската легитимација.
  • Членството престанува со исклучување во случај кога членот:
    • не го почитува статутот и другите акти на здружението;
    • дејствува спротивно на целите на здружението;
  • Одлука за исклучување на членот од здружението донесува Собранието. При престанок на членство во здружението, се враќа пристапницата со назнака дека членот истапил, односно е исклучен од здружението.