Како претставник од Хуманитарното здружение „Умиление“ имав прилика да присуствувам на Јавна дебата на која во затскриена форма се обидоа да прикажат некоја нова “нормалност”, во која ненормалното е нормално и не само тоа туку слободно се промовира и е достапна таа нова нормалност за жал и кај најмалите.” Се ти е дозволено но не ти е се од полза”! Токму кога ќе дојде моментот на она “Се ти е дозволено, нема никакви граници и предрасуди, ете тоа е моментот кога треба да се плашиме….Децата се иднината на едно општество, тие мали детски мозочиња треба да ги припремиме за добри дела, дела Богоугодни, децата треба да ги учиме на страв Божји но и на љубов, несебичност…Децата треба да знаат што е природно, што е нормално, што е од Бога а што е против Божјо или неприродно. Законот за родова еднаковост може да биде само голема опасност за децата, бидејки тие уште од најмали нозе ќе имаат достапни и погрешни информации и за жал некои од нив, од љубопитност ќе сакаат да експериментираат со своето тело и постапки а тоа води кон погибел. Да си го зачуваме традиционланото семејство, да бидеме нормални!
Рената Николовска
хуманитарец, граѓански активист, претседател на Хуманитарното здружение „Умиление“.