Споулавениот пендрек на глобализмот
Светот почна да се превртува наопаку тогаш кога сексот стана прашање на политика. А тоа не е од вчера. Си припомнувате ли на “сексуалната револуција”, слободна љубов, хипи движење… Сега сe’ е појасно, сето тоа беше дел од многу подлабок и долгорочен план за кој обичен човек од шеесетите години од минатиот век неможеше ни да сонува.
Шест децении подоцна, со помош на грото од медиумите кои го промовираа телото во врска со сексуалноста и порнографијата на суптилен, а сега и на транспарентен начин, светот се соочи со гигантскиот пендрек на глобализмот, кој својата моќна палка на прво место ја насочи кон семејството. Владите и парламентите почнаа да се занимаваат со сексот, промоција на сексуалните права и ” слободи” претворени во некаква врста на општествена обврска , за понатаму да се прешалтаат на промена на полот, за на крај да се испостави дека главниот таргет се децата.
Пропагандата отиде дотаму да се создаваат сатански сликовници кои отворено ја промовираат хомоексуалноста, сексуална збунетост( во Дизниевите цртани се е преполни со фалусоидни симболи), и тоа со една единствена мрачна причина- декриминализација на педофилијата како политички проект. Диригираните оргии не се само од телесна природа, туку се одвиваат и во доменот на философијата, семантиката, политичката теорија,” психијатријата” и медиумите, и имаат за цел да бидат релативизација на логиката, која на крај доведе до прашање што е жена, преку наметнатата бесмисла дека мажот може да раѓа.
Потоа, поради тоашто сексот стана не само право, туку и обврска се стигна до една глобална епидемија на депресија и промовирано гадење према стареењето, кое е веќе друга, опширна тема за елаборација. Човештвоте е фактички сексуално злоставувано. И какошто некој ќе заклучи: “ДЕГЕНЕРАЦИЈАТА Е ЕДИНСТВЕНАТА СЛОБОДА КОЈА ФАШИЗМОТ ЈА ДОПУШТА.”
Автот на текстот е Лидија Ѓорѓевиќ, дипломиран инженер, специјалист по агрономија, но заради љубовта кон литературното творештво се занимава и со пишување афоризми, раскази, поезија за што повеќепати е наградувана. Автор е на романот „Живот со фил“ со кој направи бум на македонската книжевна сцена отворајќи низа скокотливи прашања. Ако ги прашате за неа, познаниците ќе ви ја опишат со зборовите сончева, „откачена“, нестандардна, духовита, секогаш подготвена да помогне и жестока кога се работи за правдољубивоста, додавајќи дека по секоја средба со неа се насмеани, но и побогати со некоја информација, од кој било домен.