Зошто се формира здружението и зошто името „БУДНОСТ“ ?
Почнувајќи уште од прикажувањето на филмот „Што е тоа жена?“, Кочани покажа огромен интерес, кино салата беше исполнета до последното место, а на барање на многу граѓани се планира и втора проекција. Потоа следуваше петиција со огромен интерес и масовна подршка.
Тоа наше обединување по ова прашање е главна причина да се одлучиме дека треба да се обединиме во здружение, бидејќи мора продолжиме да се погрижиме за себе, да бидеме БУДНИ
Кој ќе ни го врати времето ако напразно го губиме и пасивно следиме како некој сака да ни нанесе ЗЛО врз нас, посебно врз децата? Ако молчиме, тогаш навистина ќе ги бараме овие денови и нема да ги најдеме.
Успеавме да започне БУДЕЊЕ на народот. Голем дел не беа запознаени за што станува збор и што ни се подготвува. Но како народот ќе се разбуди ако ние молчиме⁉ Народот треба да се разбуди, БУДНО да се следат случувањата кај нас и да се следат примерите во останатите земји.
Живееме во време на апатија и рамнодушност, но по ова прашање не смееме да бидеме млаки, не смееме да бидеме рамнодушни, мораме БУДНО да стоиме на браникот на традиционалните семејни вредности и во заштита на најсветото- децата.
Да не дозволиме да ни се протурне родовата идеологија за која се залага шака народ потпомогнати од родови идеолози кои гравитираат како сателити во власта. Затоа што се работи #ЗаНашитеДеца