Инфо сесија за вистинското лице на родовата идеологија и сеопфатното сексуално образование
Коалицијата за заштита на децата и Здружението на родители Родителски фронт во саботата, на ден 03.02.2024г. одржаа инфо сесија на која граѓаните на Кочани подетално се запознаа со родовата идеологија и сеопфатното сексуално образование што се наметнува во училиштата.
Освестени родители, наставници, психолози, доктори, директори на училишта, советници и пратеници, присутвуваа на сесијста и покажуваат желба и мотивација да ги заштитат децата од радикални идеологии.
Благодариме на сите присутни, на оние што се вклучија во дискусијата и споделија свои мисли и идеи, на оние кои се добро информирани за овие агенди, а сепак дојдоа на оваа инфо сесија за да дадат поддршка. Кочанчани ги потврдија 3000 гласа со кои кажаа гласно “НЕ на родовата идеологија”!
Благодарност до сите присутни и вниманието и интересот со кои ја следевте инфо сесијата!
#СТОПзаРадикалнатаРодоваИдеологија