Кој треба да одлучува за нашите деца?
За животот, здравјето, среќата, образованието на нашите деца имаат право да одлучуваат само родителите. Исклучиво само родителите имаат право во своите деца да ги всадат нашите традиционални семејни вредности, без било кој да ги нарушува тие критериуми, кои ни се поставени како наш светоглед и пат, пат по кој оделе нашите родители, пат по кој сега ние одиме, а сакаме да чекорат и нашите деца.
Примерите од другите земји за деструктивноста на родовата идеологија да ни бидат за пример и поука, да не дозволиме тоа да се воведе и кај нас бидејки нашите деца не се ничии експериментални глувци.
Да не им дозволиме на родовите идеолози да воспостават општество на изместени вредности и да ни ги одземат традиционалните семејни вредности.