Родови активисти и поборници за Законот за родова еднаквост и во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Родови активисти и поборници за Законот за родова еднаквост и родовата идеологија и во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во случајов во ликот на градоначалникот на Општина Кочани.
За очекување е здруженијата на родители и сите противници на родовата пропаганда да ги гонат и да ги заплашуваат со претставки родовите активисти и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација која е во нивно заложништво, но тоа да го прави градоначалник кој прв треба да ги штити децата и родителските права и згора на се доаѓа од редовите на демохристијанска конзервативна партија е тоа е навистина за чудење!
Ние сме зачудени особено откако се израдувавме што носителот на кандидатската листа на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски и ко-носителот Антонио Милошоски јавно застанаа против родовата идеологија. Дали треба да се плашиме од тоа дека и ВМРО ќе ја продолжи политиката на Царовска и Тренчевска или станува збор само за притиснат, поткупен или уценет градоначалник кој отстапил од принципите на партијата и отворено застанува зад Ајтовска, протежето на Тренчевска во Советот на Општина Кочани!?
Пред никој не виткаме кичма и не ни е гајле ни кој си оди ни кој доаѓа на власт! Наша единствена грижа е безбедното детство на нашите деца и единствено од што се плашиме е родовата пропаганда да не стане наша реалност.